ССНМ најостро го осудува текстот на Мирка Велиновска во кој се врши медиумски линч врз припадници на левичарското движење „Солидарност“ и членови на партијата Левица, наши соборци во Повелбата за солидарност за заштита на работничките права.
– Како Синдикат на новинари, ССНМ е дополнително провоциран да реагира на содржината, која претставува повеќе безбедносно-разузнавачки текст, напишан во духот на „најдобрата“ традиција на хушкашкото творештво, кое за жал и кај нас се подведува под терминот новинарство, иако тоа воопшто не е. Наша должност е да укажеме оти не станува збор за производ на професијата на која ѝ припаѓаме и изразуваме длабока и непоколеблива солидарност со жртвите на овој текст, од кој како професионалци решително се оградуваме и го осудувамe – се вели во реакцијата на новинарскиот синдикат.