ДС: Ѓорѓе Иванов без алтернатива

by Фокус
Демократскиот сојуз смета дека политичката состојба се заострува, при што поради отсуство на чувство за одговорност и државност, Ѓорге Иванов, се уште се колеба дали да ја повлече аболицијата или не.

Сакаме да го охрабриме дека во интерес на граѓаните, стабилноста на државата и правдата е да ја повлече аболицијата. Тој потег, заедно со одлагање на изборите, се основа за политички договор и постепено враќање на вербата во правдата.

По поништување на аболицијата и одлагање на вонредните парламентарни избори (на кои само ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува), Демократскиот сојуз го предлага следното:

– Избор на експертска  влада, поддржана од сите партии, која ќе работи на коренити реформи на правосудниот и безбедносниот систем, како и во медиумите, изборните регулативи (избирачки список, Македонија да биде една изборна единица, електронско гласање и др.), демократизација на партиите и др.

– Деблокада на сите државни институции и нивна департизација и деполитизација.

-Поддршка на СЈО за професионално, стручно, законито и транспарентно работење и формирање на специјализирано судско одделение во рамките на Кривичниот суд во Скопје.

– Создавање на услови за одговорност на креаторите на политичката криза и донесување на закон за забрана на нивно политичко дејствување.

-Реформи неопходни за членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во ЕУ.

ДС оценува дека доколку и натаму се продолжи со ароганцијата од власта и медиумската манипулација, протестите ќе продолжат, стабилноста ќе се наруши и сето тоа ќе се рефлектира и на економски и безбедносен план. На крај се ќе се прифати  но цената и  штетите ќе бидат преголеми. Затоа повикуваме на разум.

Поврзани новости