СДСМ: Антидржавните политики на Груевски ја задушија слободата на медиумите

by Фокус

Најновиот извештај на релевантната Фридом хаус и официјално потврдува дека медиумите во Македонија не се слободни. Извештајот наведува дека тоа е поради масовното прислушување на новинарите, корумпираните врски помеѓу високи функционери и сопственици на медиуми, како и зголемување на закани и напади врз медиумските работници, реагираат од СДСМ.

– Ова е резултат на криминалното владеење на Никола Груевски и медиумскиот мрак, платен со пари на граѓаните. Антидржавните политики на Никола Груевски ја задушија слободата на говорот и слободата на медиумите. Парите на граѓаните Груевски најдрско ги злоупотреби за притисок врз медиумите и воспоставување контрола.Токму затоа, на Македонија и е потребно враќање на слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности. По демократските промени, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана. Правото медиумите слободно да работат и да известуваат во интерес на јавноста, ослободени од било каков притисок ќе биде обезбедено. Недомаќинското и расипничко трошење на парите на граѓаните ќе заврши. Македонија ќе има отворена, транспарентна и одговорна власт која ќе им служи на сите граѓани – се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости