738
Да се одложи поаѓањето на училиште на класичен начин или наставата да се организира онлајн, бара Здружението на педијатри на Србија поради зголемениот број на заразени од ковид-19.
„ Со оглед на моменталната епидемиолошка состојба во нашата земја и карактеристиките на сојот омикрон, кој се шири многу побрзо и во поголема мера од претходните соеви ги зафаќа и децата, Здружението на педијатри на Србија препорачува да се одложи наставата на класичен начин или да се организира онлајн настава“, се наведува во соопштението.