Спасовски понудил друг човек да раководи со МВР

by Фокус

Оливер Спасовски, еден од ретките министри кои останаа во новата Влада на Димитар Ковачевски од редовите на СДСМ, вели дека понудил друг човек да дојде на неговата раководна позиција во Министерството за внатрешни работи.

-Со Димитар Ковачевски имавме неколку средби на кои разговаравме на оваа тема. Јас понудив да биде најден друг човек што ќе раководи со МВР – рече Спасовски на ТВ 24.

Тој додаде дека Агенцијата за национална безбедност е реформирана за време на неговиот мандат и дека повеќе нема прислушкувања на граѓани.

Поврзани новости