538
Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска изјави дека го замолил македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов да ја поддржи Србија и да гласа против приемот на Косово во УНЕСКО.
-Го замолив Иванов да го брани нашето историско наследство како што го бран своето- изјави Николиќ за српската агенција „Танјуг“.
Иванов рекол дека за тоа ќе одлучувала новата македонска влада, а тој се надевал дека одлуката ќе биде во сечиј интерес.
Инаку, во ноември минатата година Македонија гласаше „за“ Косово да започне процес за прием во УНЕСКО.