Министерот за внатрешни работи НА Косово, Џељаљ Свечља, објави дека Дејан Пантиќ е осомничен за „организирање терористички напад“ врз канцелариите на ЦИК на северот на Косово.
– Според полициските сведоштва, уапсениот организирал терористички напад во просториите на ЦИК на северот од земјата, во кој биле нападнати функционери и полицајци на ЦИК. Пантиќ е обвинет за терористички акти и напад на уставниот поредок. За да се спречи спроведувањето на правдата, екстремистичките групи организираа блокирање на некои патишта и поставување барикади во Лепосавиќ, Звечани и Зубин Поток – рече Свечља, пренесува Курир.рс.
Србинот Дејан Пантиќ (56), поранешен припадник на косовската полиција, е уапсен денеска во Јариње, а Србите од северот на Косово веднаш се собраа и поставија барикади за да спречат уапсениот да биде однесен во Приштина.