Српски „Курир“: Пропаднаа преговорите, Грција побарала премногу од Македонија

by fokus

Македонија и Грција не успеаја вечерва да најдат заедничко решение за спорот околу името, па преговорите пропаднаа, напиша синоќа српскиот портал „Курир“.

Како што „Курир“ ексклузивно дознава, грчката страна побарала „премногу“, поточно од името целосно да се извади одредницата „Македонија“.

„Од долгонајавуваниот компромис за сега нема ништо и покрај добрата волја. Потсетуваме дека и двете страни последниве неколку месеци излегуваа со оптимистични ставови во врска со пронаоѓањето решение прифатливо за двете страни, а поддршка доаѓаше и од челните места во САД и ЕУ“, пишува порталот.

Поврзани новости