578
Триесет и осумгодишен спрски државјанин утринава бил прободен со нож во пределот на стомакот, додека бил во Скопје.
-Околу 06,05 часот од страна на Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив е донесено лицето В.И.(38) од Пожаревац, Р. Србија со убодна рана во пределот на стомакот. По кажување на оштетениот, повредата ја здобил по претходна распавија со негов познаник на улица “Иван Аговски” во Скопје. Во врска со случајот во Полициска станица е приведен Ч.Ѓ.(39). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.