ВМРО-ДПМНЕ: Советот на Аеродром шферцерски изгласал нов ДУП според кој ќе се градат 4 згради

by fokus 15:34
15:34

Советот на општина Аердром изгласал нов детален урбанистички план со кој се предвидува изградба на нови згради, обвини денеска Дејан Митески, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во четвртокот мнозинството во Советот на општина Аеродром предводено од СДСМ на шверцерски начин донесе нов детален урбанистички план за просторот покрај Булевар Трета Македонска Бригада, со кој се предвидува изградба на 4 нови станбени блокови со површина од над 90.000 м2 површина. Тоа се 4 нови висококатници, од кои 2 нови станбени згради со висина од 8 ката и 40.000 м2 површина и две нови деловни згради со висина од 5 ката и 50.000 м2 површина“ рече Митески од ВМРО ДПМНЕ.

- Advertisements -

Митески уште кажа и дека градоначаланикот ги предложил измените на урбанистичкиот план без претходна консултација со жителите на општината и побара Марин да одговори „зошто било потребно целото брзање и за чии бизнис интереси се работи“.

Од  ВМРО-ДПМНЕ  најавија дека ќе ги искористат сите правни механизми да го оспорат овој ДУП.

 

Поврзани новости