495
Денеска во 15.40 часот полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица кај бензинска пумпа на автопат А1, го лишиле од слобода А.Д.(32) од Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти”.
Имено, откако претходно на наплатна станица „Смоквица“ со своето патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање, од страна на полициските службеници тој бил затекнат при истовар на 8 лица мигранти од Сирија.
А.Д. е приведен во полициска станица и известен е Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје. Мигрантите се пренесени во прифатно-транзитен центар и по комплетно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.