Српската опозиција за 8 мај закажа протестен собир под мотото „Србија против насилството“

by Fokus

Движењето „Да не го давиме Белград“ – Зелено левиот фронт ги повика граѓаните на протестен собир „Србија против насилството“ што ќе се одржи во понеделник, на 8 мај, пред Народното собрание, јави дописникот на МИА од Белград.

Движењето најави дека бара запирање на натамошното промовирање на насилството во медиумите и јавниот простор, како и одговорност за долгогодишниот неадекватен одговор на надлежните органи, односно разрешување на одговорните министри.

Со цел да се запре промовирањето на насилството во јавноста, Движењето „Да не го давиме Белград“ – Зелено левиот фронт во соопшението да јавноста бара смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми) и затворање печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код.

Исто така, бара одземање на националните фреквенции од телевизиите кои, како што наведуваат, „ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи“, како и итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Поврзани новости