Левица: Договорот за К-15 за административците е класичен предизборен поткуп

by Фокус

Договорот што го постигна владата за колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ за исплата на К-15 за административците не само што е класичен предизборен поткуп, туку и сериозен притисок и уцена кон работниците од државната администрација, сметаат од Левица.

„Повеќе од очигледно е дека во овој случај е направена најгруба злоупотреба со дополнителна партизација на државната администрација, и тоа на директна штета и товар на граѓаните. Впрочем, на овој начин сите владејачки партии до сега и си ја одржуваат „поддршката’ на избори“, велат од Левица.

Од партијата предводена од Димитар Апасиев оценуваат дека на ваков начин администрацијата се претвора во партиска војска и стадо гласачи.

Поврзани новости