По денешната средба на Средношколскиот пленум со претставници на Владата и МОН, вицепремиерот Владимир Пешевски изјави дека Владата веќе донела конечна одлука за тоа како ќе се полага матура и средношколците од понедник требало да се вратат на настава.
-Владата и Министерствтото за образование донесоа свој конечен став за начинот на кој што ќе се полага матурскиот испит оваа година. По консултации со заинтересирани страни, со ученици, родители, наставници и експерти, одлучивме оваа година матурскиот испи да се полага согласно стариот концепт. Екстерното оценување ќе продолжи согласно постоечкиот концепт, но ќе има унапредување во идните години, рече Пешевски.
Тој додаде дека било тешко да се каже дека официјално постојат преговори, бидејќи секогаш се поставувало прашањето на репрезентативност, но ги сослушале барањата на, како што тој го нарече Средношколскиот пленум, групата која протестира.