ВМРО-ДПМНЕ: Заев е нестабилна личност која работи против својот народ

by Фокус

-Јасно е за сите, во државава, но и во меѓународната заедница, и веќе тоа се поотворено се говори, дека Зоран Заев не е ништо друго освен политичар во заминување и синоним за криминално работење, површна и нестабилна личност, која работи против сопствената држава и народ, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ по повод „бомбата“ што ја објави СДСМ од Кавадарци.

Од владејачката партија додаваат дека СДСМ го продолжувала патот по кој тргнала, но се поочигледно станувало дека на тој пат не ги добиваат очекуваните резултати и ефекти од тоа што го прават, а нивните прес конференции се повеќе биле израз на една малограѓанска култура, отколку на достојна политичка битка.

-Во денешното објавување на креираните, сечени и монтирани материјали, преку кој Заев продолжува да одработува за своите нарачатели, може да се види дека и покрај обидите за давање на контекст и наратив на објаснувачот нема апсолутно никаква импликација за било какво незаконско работење, ниту, пак, нелегално, туку само еден мрачен и срамен порив на Заев и тесната клика околу него да пласираат креирани и монтирани материјали за да си го потхранат нивните ниски страсти за да може потоа да озборуваат, муабетат и да се ситат на приватните животни предизвици кои ги имаат некои граѓани, стои во реакцијата на ДПМНЕ.

Поврзани новости