Средношколците собираат потписи за поддршка

by Фокус

Средношколскиот пленум објави дека во Средношколскиот фронт во Паркот на новинари во тек е потпишување на петиција за поддршка на нивните барања. Ова го прават со цел тие барања уште повеќе да добијат на тежина и конечно сериозно да бидат сфатени од надлежните.

-Апелираме до секој совесен граѓанин да дојде и да ја искаже својата поддршка во паркот спроти Министерство за образование и наука со цел да бидеме поблиску до остварување на нашите јасни и веќе одамна поднесени барања, велат од Средношколскиот пленум.

Во првите неколку часа откако почна собирањето на потписи, биле собрани 672 потписи поткрепени со своерачен потпис и број на лична карта. Од Пленумот велат дека нивниот број расте со секој изминат момент.

Поврзани новости