Иљми Селами нов заменик-министер за одбрана

by Фокус

Откако Арбен Лабеништа си поднесе оставка од местото заменик-министер за одбрана, денеска Собранието на негово место го именуваше Иљми Селами.

Тој има завршено политички науки на Правниот факултет, бил член, а потоа и претседател на Антикорупциската комисија. Од 2008 година е на различни позиции во Министерството за одбрана.

-Селами веќе 6-7 години  е во ова Министерство и прилично добро го познава. Од 2013 година е упатен на работа во Меѓународната организација Центар за безбедносна соработка во Загреб, Хрватска, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето пред пратениците.

Претходникот на Селами, Арбен Лабеништа, си даде оставка од функцијата пред десетина дена, поради незадоволство од начинот како функционира ДУИ во време на политичка криза.

 

Поврзани новости