Семејствата на загинатите бранители се жалат дека се маргинализирани

by Фокус

-Семејствата на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година се маргинализирани, а бранителите деградирани, рече денеска Сашо Гилевски, учесник во конфликтот, на одбележување на четиринаесетгодишнината од масакрот кај Вејце во кој загинаа осуммина припадници на безбедносните сили. Четворица од нив беа од Битола, каде што се наоѓа споменикот на бранителите и споменикот „Ангел“.

Гилевски додаде дека и преживеаните бранители не се третираат како што заслужуваат и дека ниеден бранител нема достојно работно место кое го заслужува.

Градоначаникот на Битола, Владимир Талески, пак, смета дека Битола достојно го чува споменот на бранителите кои се жртвуваа за Македонија.

Поврзани новости