Средношколскиот Пленум – Тетово денеска во просториите на подрачната служба на Министерството за образование и наука (МОН) и Државниот просветен инспекторат (ДПИ) поднесе групен приговор за есктерното тестирање.
Од Пленумот вела дека тестовите биле со пропусти, нелогичности и грешки.
Од подрачните служби на МОН и ДПИ во Тетово, им било посочено дека приговорот ќе биде разгледан и ќе го информираат министерството.
Средношколците ја поздравуваат вчерашната средба со локалната самоуправа на кои беа разгледани техничките пропусти од екстерното тестирање, а до која исто така беше поднесен приговор.
Од Пленумот денеска повторно беше посочено дека тестирањето како бинго тест на среќа не може реално да го оцени вистинското знаење, а особено не тестирање на кое фалат понудени одговори, прашањата немаат точни одговори, прашања на македонски и одговори на албански и др.