Полицијата пронајде 128 мигранти во Ваксинце

by Фокус

Во полициската акција која започна утрово во 4 часот во селото Ваксинце, полицијата пронајде 128 мигранти и уапси четири лица кои се сомничат за криумчарење.  Во акцијата биле претресени 10 објекти, а во пет од нив биле пронајдени мигрантите.

Се очекува дел од пронајдените да бидат изведени пред обвинител како сведоци против осомничените за криумчарење. Никој од мигрантите не рекол дека бил киднапиран или присилен, туку сите тврделе дека во Ваксинце дошле по сопствена воља.

Полициската акција во ова село следува по написите во медиумите за лошата состојба на мигрантите во Македонија и нивната злоупотреба од страна на на криминални групи. Британски Канал 4 објави дека мигранти се држат како заложници во куќи во Ваксинце и  се ослободуваат за пари.

Поврзани новости