Села и НДП ќе настапат заедно на следните избори со платформа за бинационална Македонија

by Фокус

Струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој е предводник на движењетио за реформи во ДПА денеска заедно со лидерот на НДП, Весел Мемеди објавија дека на следните парламентарни избори ќе настапат со заеднички листи со платформа за уставно утврдување на Македонија како бинационална држава.

– Ние го бараме легитимитетот од Албанците, но ако не бидат исполнети нашите барања за двојазичност во цела Македониија и рамномерна распределба на буџетот по регионален принцип, нема по секоја цена да бидеме дел од Владата. Дури, и ако победиме на изборите – рече Села.

Двајцата сметаат дека политичката криза треба да се реши со оставка на Владата на чело со Никола Груевски и со формирање на техничка влада што според нив, можат да го обезбедат албанските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети доколку сакаат.

– За да се ндмине кризата неопходно е вклучување на американскиот фактор – изјави Мемеди.

Поврзани новости