Средношколците на 1 април ќе протестираат маскирани пред МОН

by Фокус 13:00
13:00

Средношколците од Скопје в среда излегуваат на втор протестен марш за укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на полагање државна матура.Но, за разлика од првиот марш, овој пат тие на Денот на шегата, ќе излезат маскирани, а ќе маршираат од Собрание до МОН, каде ќе се изведе и преформанс под маски.

– Нашиот марш во среда нема да покаже страв од учење туку жед за знаење. За она вистинско знаење што секој од нас го заслужува. Заедно да и покажеме на оваа земја дека интелектуалната младина е оформена и независна. Нашиот дух е непокорлив, а нашиот став непоколеблив – велат од Средношколскиот Пленум.

- Advertising -

Поврзани новости