Средношколците масовно се собираат пред Собранието

by Fokus

Во голем број средношколците се собираат пред Собранието, од каде што треба да тргне нивниот марш против лошите реформи во образованието, а нивната крајна цел е Министерството за образование. Дел од средношколците кои излегоа на улица се маскирани, во духот на Денот на шегата.

Министерот за образование Абдулаќим Адеми вчера се сретна со преставници на Унијата на средношколци, но на средбата не беа повикани од Средношколскиот пленум.

Постигната е согласност математиката да не биде задолжителен предмет во државната матура за сите ученици, туку само за учениците од природно-математичките гимназии.

Протести најавија и учениците од Тетово и Прилеп.

sred

sred1

sred2

sred3

sred 6

sred 7

Поврзани новости