Средношколците и покрај забраните, ќе одат на студентски протести

by Фокус

Средношколците и покрај наредбите да не излегуваат на протести, веќе се собираат пред своите гимназии, спремајќи се да излезат на студентски марш против најавеното екстерно тестирање на факултетите. Повеќето од нив почнаа да се собираат пред платото на УКИМ, за да ја изразат својата поддршка.

Во текот на вчерашниот ден, група средношколци испратија допис до Студентскиот пленум објаснувајќи со какви притисоци и закани се соочуваат.

– Во нашата генерација има позитивен став околу овие протести бидејќи и ние сакаме сакаме да го искажеме нашиот револт преку мирен протест, како дел од едно демократско општество. Но, се зборува дека во текот на утрешниот ден влезните врати на училштата ќе бидат затворени, а се шпекулира дека тоа е наредба од директорите. Одредена група деца планираме да не одиме цел ден на училиште, но повеќето ученици сигурно ќе ја посетуваат наставата барем до големиот одмор. Би ве замолиле за консултација и совет како да постапиме во случај да не не пуштат. Да викнеме полиција и да кажеме дека ни се кршат правата на мирен и демократски глас или имате некое друго решение – се наведува во дописот испратен од средношколец до Студентски пленум.

Поврзани новости