336
Средошколците одлучија да го прекинат кампувањето во паркот спроти Министерството за образование и наука и од понеделник да се вратат на настава.
Порачаа дека тоа го прават поради неразумноста на МОН, но и заради тоа што од безбедносни причини повеќе не можат да спијат на улица. Меѓу причините зошто се одлучиле на ваков чекор велат, е и неможноста да се донесе нов закон до крајот на оваа учебна година. Кампувањето на средношколците траеше повеќе од две недели.
Тие, досега неколку пати имаа средба со ресорното министерство, но од таму немаа разбирање за нивните барања.