569
Околу 4.000 средношколци во моментот се пред Министерството за образование и наука, каде што ги дочекаа барикади и голем број на полицајци. Средношколците тука ќе го завршат својот марш кој што го започнаа од Градскиот парк.
Тие протестираат против новиот модел на државна матура, според кој е предвидено задолжително да се полага математика. Средношколците и на министерот за образование му порачаа „Не за математика“.