540
Неколку илјади средношколци во моментот тргнаа кон Министерството за образовани и наука, каде што ќе го изразат незадоволството од новиот модел на државна матура, според кој задолжително мора да се полага математика.
Реката средношколци извикува „Сакаме избор“ , „Стоп за лошите реформи„, „Доста беше молк“, „Дојди и приклучи се“. Додека маршираат низ улиците, на средношколците постојано им се приклучуваат нови групи незадоволни, а поддршка добија и од Студентскио Пленум.