Воен инвалид ќе се самозапали ако Јанкуловска не му ја повлече тужбата

by Фокус

Воениот инвалид, Митко Митевски, денеска пред Министерството за внатрешни работи се закани дека ќе се самозапали ако треба да ја враќа отштетата што ја зеl од државата како повреден во падот на хеликоптер во 2001 година на Попова Шапка.

МВР бара од него на државата да и врати 50.000 денари по основ на противправно богатење со законска камата. Митевски вели дека не ја донел тој одлуката на судот за да биде обвинет дека противправно се богател.

„Дали оваа држава е за некого мајка, а за некого маќеа. Затоа што на други колеги им ги сопреа тие тужби. Имаше колеги кои добија поголема оштета , за нив МВР не се жалеше воопшто. Ако треба да ја враќам, ќе дојдам тука, ќе се запалам и готово, нема пари да земат од мене“ – изјави тој.

Тој пренесе дека по несреќата настраданите покренале судски спор со кој барале надомест на штета. Спорот го добиле на првостепен и второстепен суд, но Министерството се жалело на Врховен. Предметот бил вратен на првостепен и било одлучено оштетените да вратат 10.000 денари. Одлуката во меѓувреме е променета така што на Митевски и неговиот колега сега им се наложува да исплатат сума од 50.000 денари. Тој посочува дека овие спорови се водат иако во 2009 година Владата донела одлука да се стопираат сите предмети против бранителите.

 

Поврзани новости