356
Утре сите гимназии што бојкотираат го ресетираат бојкотот со цел да не бидат казнети нивните сопленумци од Родителскиот пленум. Тоа значи дека денеска се оди на настава, но бојкотот официјално продолжува по часовите. Ова е изгласано на Генерален пленум.
– Се гледаме на фронт. Со ова сакаме да покажеме упорност, истрајност и сплотеност во нашата борба – порачуваат средношколците.
Тие, денеска во 12 часот имаат закажано прес-конференција, на која ќе соопштат како планираат да продолжат понатаму.