Тетинот на Боркица Груевска стана претседател на судот во Гевгелија

by Фокус

Драги Дилберов, тетин на сопругата на премиерот, Боркица Груевска, денеска беше избран за претседател на Основниот суд во Гевгелија. Ова е првпат за претседател да се избере судија кој има уште година и шест месеци до пензија, бидејќи претседателскиот мандат трае 4 години.

-Не можеме на ниту еден судија да му забраниме да се кандидира, а немам информации дека Драги Дилберов и е роднина на сопругата на премиерот, изјави претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски.

Изборот за претседател на Основниот суд во Гевгелија, тој го оцени како транспарентен.

Поврзани новости