362
Средношколскиот пленум отвора нов штанд за потпишување на петиција за поддршка на барањата на средошколците на улица Македонија. Штандот ќе биде отворен од 12 до 19 часот.
За два дена, како што информираат од Пленумот, се собрани 3.567 потписи поткрепени со рачен потпис и број на лична карта, и истот број расте со секој изминат момент.
– Апелираме до секој совесен граѓанин да дојде и да ја искаже својата поддршка во паркот спроти МОН (Министерство за образование и наука) или на улица Македонија со цел да бидеме поблиску до отстварување на нашите јасно веќе оддамна поднесени барања – велат од Средношколскиот пленум.