Средношколскиот пленум ја повика Унијата на средношколци на јавна дебата како би ги соочиле аргументите и ставовите, и да се разговара за барањата во интерес на сите средношколци.
– Средношколскиот пленум е автохтоно, и автономно движење кое се бори, и ќе се бори за правата на сите средношколци, без разлика на нивната партиска, верска, и друга лична определба. Сметаме дека е несериозно да се нафрлуваат обвинувања за нелегитимност од страна на организација за која ниту нејзините претставници не се свесни дека е формално-правно неактивна – истакнаа од Пленумот.
Тие бараат од средношколската унија, доколку навистина се смета за легитимен претставник, кој ги штити правата на средношколците, во рок од 24 часа да се изјасни по оваа покана за јавна дебата.