Штрајк во Македонски Железници

by Фокус

Околу 50 вработени во Македонски Железници од понеделник ја бојкотираат работата, а утрово наидоа и на затворена капија пред претпријатието, бидејќи им е забранет влезот. Вработените, членови на независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонски Железници, истакнуваат дека понудениот колективен договор е неприфатлив, бидејќи, како што велат е направен без консулатции со нив. Тие бараат повисоки надоместоци и бенифициран стаж, а истакнуваат и дека платата ја земаат на два дела, што е недозволено.

Како што изјави претседателот на назависниот синдикат на машионскиот персонал, Душко Чакаровски, забраната за влезот им ја соопштил портирот кај кого имало список со 52 вработени кои штрајкуваат и кои тој не смее да ги пушти внатре.

-Ќе доставиме писмо до Министерството за транспорт и до Владата дека колективен договор е направен без наша согласност, односно од машинскиот персонал е неприфатлив и ние нема да го почитуваме. Бараме средба директно со министерот, вели Чакаровски.

За сега, железничкиот сообраќај се одвива нормално бидејќи во државната компанија има три синдикати на машинскиот персонал, од кои еден штрајкува, а два не.

Поврзани новости