407
Од Средношколскиот пленум на својата фејсбук страна објавија дека од денеска во соработка со СОС Детско село го почнуваат проектот „Од деца за деца”.
– Нашата прва активност во рамките на овој проект ќе биде посета на ракометниот натпревар помеѓу РК Вардар и РК Радовиш од 17:00 часот во салата „Јане Сандански” заедно со децата од СОС Детско Село. Ова ќе биде само почеток на низата активности со кои ќе им помогнеме на нашите сегашни и идни соученици – се наведува во нивното соопштение.