МИА: Хан доаѓа во Македонија со предлог за решавање на кризата

by Фокус 12:46
12:46

Јоханес Хан, комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, утре во Македонија ќе пристигне со документ-понуда за решение на политичката криза, но и со понуда за напредок на земјата во евроинтеграциите преку неформален почеток на таканаречениот скрининг-процес со ЕУ, доколку премиерот Никола Груевски и опозицискиот лидер Зоран Заев постигнат договор, објави МИА.

– Нема да шпекулирам и не мислам дека ова ќе биде корисно во ситуацијата. Она што комесарот ќе го стори е потенцирање на потребата и итноста од наоѓање на решение за надминување на сегашната криза и во овој контекст треба да гледате и на неговата посета. Можам да потврдам дека комесарот Хан ќе им ја истакне на партиите итноста да се најде решение за надминување на сегашната криза што е можно побрзо и со заемна посветеност на клучните предизвици што земјата се соочува – изјавила за Македонската информативна агенција портпаролката на Хан, Маја Коцијанчиќ.

- Advertisements -

Поврзани новости