Еко Герила: Југохром се уште без филтри, Владата молчи

by Фокус

Владата продолжува да молчи, иако помина еден месец од крајот на третиот продолжен рок за Југохром да го започне процесот за поставување филтри, реагираат од движењето Еко Герила.  Според нив, ова е потврда дека власта се грижи само за личната корист на олигарсите, а не за интересите на мнозинство на граѓани.

– Врз основа на потврдата од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање, Југохром ги нема реализирано предвидените работи кои се дефинирани во Оперативниот план. Со ова, овој загадувач продолжува со труење и уништување на здравјето на околу 300.000 жители на Тетово и околината. Ја изразуваме нашата огорченост за заобиколување и тенденциозно одолговлекување од еден месец за донесување на одлуката во согласност со законите. Толеранцијата на загадувачите во неспроведување на дополнителни рокови кои до сега се продолжувани три пати, е кривично дело за кое ќе барааме законска одговорност од надлежните лица – се наведува  во реакцијата.

Поврзани новости