Средношколскиот Пленум им изразува целосна поддршка на на професорите и наставниците за утрешните протести и сите протести кои Советот на СОНК ги најави за оваа недела. Пленумот смета дека укинувањето на казните за професорите од екстерното тестирање доведува до губење на притисокот врз учениците. Според нив, притисокот кој се врши врз професорите, е и притисок врз учениците.
Од Пленумот на средношколците велат дека екстерното тестирање го сметаат за необјективен начин да се изрази реалното знаење на учениците.
– Реалното знаење не се покажува преку притисоци и закани.Должни сме да ги поддржиме професорите кои утре штрајкуваат, да ги поддржиме оние кои нѐ учат на вистинските вредности, на непокорливност, достоинство, храбост и солидарност. Да ги поддржиме и охрабриме во барањата затоа што залагањето за подобро образование е заедничко. Да истраеме во идејата за квалитетно образование, во идејата за подобри услови – се наведува во соопштението на Средношколскиот пленум.
Тие ги повикаа сите средношколци, основци, сите граѓани на Република Македонија, утре, на 4 февруари, да ги поддржат протестите на професорите кои штрајкуваат.