ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фатени дека соработувале со странски служби

by Фокус

Паниката и стравот на лицето на Зоран Заев и на лицето на Петре Шилегов не може да се скрие. СДСМ се во паника. Живи се фатени дека соработувале со странски служби. Живи се фатени во нивното сценарио кое што е на штета на државата. Со вакво соопштение денеска излегоа од владејачката партија, откако СДСМ денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава против премниерот Никола Груевски за неовластено прислушување.

– Уште во текот на вчерашниот ден ВМРО-ДПМНЕ прати соопштение во кое повика надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор.ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции да го истражат темелно и случајот Пуч, да видат кој снима и кој се користи со такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби, има судска постапка и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на Уставот и законите и демократските стандарди, за да не се дозволи намерата на тие што се инспиратори и креатори на овој случај да се реализира – се наведува во соопштението од ДПМНЕ.

Поврзани новости