Обвинителството забрани да се објавуваат видеа од „Пуч“, но не одговори дали Заев незаконски бил снимен

by fokus 20:21
20:21

Откако вчера во јавност беше објавена видео снимка на која разговараат премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по што се појави сомнеж дека протекуваат докази за случајот „Пуч“, со реакција и објаснување се јави Обвинителството.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите. Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“, се вели во соопштението на обвинителството.

- Advertisements -

Оттаму испраќаат апел медиумите да запрат со објавување на слични видео снимки.

„Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција упати Барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која што беше објавен материјалот за негово отстранување како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина“, велат од обвинителството.

Оттаму не откриваат дали овој видео материјал бил обезбеден со употреба на посебни истражни мерки, или, пак, лидерот на СДСМ, Заев бил незаконски прислушуван во кабинетот на премиерот.

 

Поврзани новости