Средношколскиот пленум денеска организира јавен собир, најавуваат и протести

by Фокус

Средношколскиот пленум објави дека денеска во 18 часот во Паркот на новинарите во Скопје ќе организира јавен собир. Учениците најавија дека ќе продолжува и со собири, дебати и аргументи да бараат од Министерството за образование да направи измени во екстерното тестирање. Тие тврдат дека начинот на кој се реализира екстерното тестирање е во спротивност со европските образовни стандарди и спаѓа во „реформите“ кои наместо да ги разрешат образовните проблеми само ги продлабочуваат.

-Средношколскиот пленум повторно се враќа да ја извојува битката што ја започна претходната учебна година. Се надеваме дека министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува. За таа цел ве повикуваме на јавен собир во Паркот на Новинари кој ќе биде проследен од алтернативни предавања, панел дискусија и уште многу други активности. Говорниците и целосната агенда ќе бидат објавени НАСКОРО! Да им покажеме дека сме посериозни, посложни и похрабри од било кога!, се наведува во повикот на Средношколскиот пленум.

Од таму порачаа и дека ќе продолжат да бидат гласни се додека надлежните не го слушнат нивниот глас, макар тоа било и по цена, како што велат, да имаа протести, маршови, бојкот на наставата и сè останато што се случуваше изминатата година.

Агенда:

18:30-20:00 -Панел дискусија
Говорници:
-Иван Јованов, ,,Младите Можат”
-Ивана Туфегџиќ, граѓански активист
-Огнен Јанески, граѓански активист
-Теано Кардула, Средношкоски пленум
-Никола Писарев, граѓанска иницијатива ,,Го сакам ГТЦ”
20:20- 21:00 – Музичка програма со Мирко Попов

Поврзани новости