Павле Трајанов стана независен пратеник

by Фокус 09:42
09:42

Павле Трајанов, пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, во Собранието ќе дејствува како независен пратеник. Тој веќе поднел такво барање до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, a во наредниот период ќе работи на формирање на нов политички блок за изборите во 2016 година.

Трајанов во последниот период не присуствува на средбите на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а и неговите јавни настапи беа сосема спротивни на политиката на владејачката партија.

- Advertisements -

 Пред него владејачката коалицијата ја напушти и пратеничката и претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска.

 

Поврзани новости