ВМРО-ДПМНЕ: Ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

by Фокус

Денеска кога опозициските пратеници се вратија во пратеничките клупи, ВМРО-ДПМНЕ ги собра сите пратеници на прес-конференција на која беа наброени сите законски измени, претежно од социјалната сфера, кои парламентарното мнозинство ги изгласа последната година при некомплетен собраниски состав.

-Ние работевме во интерес на граѓаните, а не во интерес на кариерите на некои пропаднати политичари. Ние работевме, и ќе продолжиме и во иднина да работиме во интерес на граѓаните, рече Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој додаде дека власта не се плаши од изборот на новиот јавен обвинител, туку според него, треба да се плашат други.

Опозицијата во текот на денот, пак, имаше координација, па се очекува во законодавниот дом да пристигне лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за кој е најавено дека ќе се обрати пред јавноста.

Поврзани новости