Средношколскиот пленум извести дека пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, утрово на влезот осамнал натпис со спреј: „Средношколци = 1000 денари“. Исто така,и средношколците од ГУЦ Здравко Цветковски“ во нивното училиште прочитале дека некој им напишал: „Има пари, има мир“.
„Најостро ги осудуваме ваквите обиди да не оцрнат, исто како и монтажите кои беа направени од страна на изесни медиуми со иста цел. Ја користиме оваа прилика да им се обратиме на сите кои измислуваа дека сме плаќани, оние кои не заклучуваа и понижуваа, оние кои намерно не сакаа да не транспортираат до Градскиот Парк, и да им кажеме: Кои и да сте, што и да сте, НАШАТА СОВЕСТ Е ЧИСТА, и ние мирно спиеме. Но, дали сите вие го можете истото, знаејќи дека врбувате деца, деца кои со сета своја младост сакаат да променат нешто во ова наше труло општество? Баталете ги сите монтажи, клучеви на врата, црни и крајно понижувачки капмањи и погледнете малку подалеку од носот, погледнете го нашиот бел образ на кој постојано удирате шлаканици. Сепак, ниедна од тие шлаканици нема да успее да стави дамка на ниту еден од нас, а камо ли на целиот пленум. Прифатете веќе еднаш дека оние што храбро ви пркосат се само деца, само средношколци со основани и аргументирани барања. Дали можеби тоа што одбивате да го прифатите ова зборува нешто за вас? Господа, госпоѓи, госпоѓици, соученици, КОИ И ДА СТЕ, ако вие не сте доволно храбри да кажете НЕ за уништувањето на образованието и ако не сте способни да испуштите крик на незадоволството, не ви дава за право вака да се срамите. Гневни сме на сите обиди да не извалкате, но запомнете една работа: СЕ ВАЛКАТЕ САМИТЕ СЕБЕ!“, порачуваат од Средношколкиот пленум.