Поради одрон затворен патот Маврово-Дебар

by Фокус

Патниот правец Маврово-Дебар од утрово е затворен за сообраќај поради одрони. Од АМСМ информираат дека во непосредна близина на манастирот Свети Јован Бигорски се одронила поголема карпа.

Поради тоа, сега сообраќајот е пренасочен преку бензинската пумпа. Се очекува одронот да биде расчистен во текот на денот и патот Маврово-Дебар повторно да биде отворен.

Сообраќајот на останатите патни правци во земјава се одвива на влажни коловози, а возачите посебно внимание треба да обратат на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците. Можни се одрони на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости