Штајнмаер апелира бегалската криза да не предизвика судири меѓу балканските земји

by Фокус 09:20
09:20

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска предупреди дека не смее да се дозволи ситуацијата со бегалците да предизвика нови несогласувања и конфликти меѓу балканските држави.

-Мораме да обезбедиме, пред се, движењето на бегалците да не донесе нови судири во регионот во кој напорно работевме претходните години на смирување на конфликтната ситуација по распадот на Југославија, изјави Штајнмаер пред новинарите во Берлин.

- Advertising -
"

По повод кризата со беглаците и нивниот наплив, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во недела ќе одржи состанок со лидерите на балканските земји, како и со лидерите на некои од земјите од Европската унија.

Поврзани новости