Средношколски пленум имаа средба со пратеници

by Фокус

Претставници од Средношколскиот пленум вчера се сретнале со пратеници, предлагачи на измените во Законот за средно и Законот за основно образование за укинување на екстерното тестирање.

На средбата Средношколскиот пленум ги презентирал своите ставови, барања и аргументацијата за истите.

– Отворени сме за средби со останатите пратенички групи и претставници на Министерството за образование и наука. Средношколскиот пленум ќе продолжи, во континуитет, да се бори за подобро образование – велат пленумците.

Поврзани новости