Богоев: Побаравме укинување на екстерното тестирање

by Фокус 12:59
12:59

Го исполнуваме ветувањето дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе биде отворена за граѓаните и за јавноста. Денеска поднесовме барање за одржување јавна расправа за состојбите во образованието, за квалитетот што не се обезбедува со тестови, за укинување на екстерното тестирање, рече Стефан Богоев, претседател на младината на СДСМ.

– Барањето за јавна расправа е доставено до Трајко Велјаноски и претседателот на Собраниската комисија за образование, наука и спорт. За СДСМ и коалицијата добри реформи не се реформи кои ги пишуваат политичари зад затворени врати туку решенија што мора да се договорат заедно со наставниците, учениците, студентите, родителите, бизнис заедницата. Почнавме такви разговори и веќе предложивме повеќе закони, меѓу коишто и за укинување на екстерното тестирање. Но и Собранието мора да ги отвори своите врати и да ги праша најзасегнатите. Затоа е ова барање за јавна дебата за проблемите во образованието и можните решенија – истакна Богоев.

- Advertisements -

Според него, на тој начин ќе се спречи интелектуалното осакатување на учениците.

– Ги повикуваме сите наставници, ученици, родители и стручни лица да се вклучат во јавната дебата во наредниот период, а власта и мнозинството да ја прифатат. Владејачкото мнозинство, без никаква јавна дебата го усвои катастрофалното екстерно тестирање. Студенти, средношколци, наставници, масовно, низ сите градови, излегоа на улиците да кажат НЕ. Како одговори власта? Со непримерни навреди на Груевски кон учениците и студентите во Македонија. За нас мислењето на граѓаните е од исклучителна важност – тврди Богоев.

 

Поврзани новости