На почетокот на денов почнавме да трпиме силни притисоци од страна на нашите директори во пресрет на утрешниот средношколски марш, информираа од средношколскиот пленум.
„Тука спаѓаат и бројни закани за педагошки мерки, намалени оценки, намалени поведенија и се така по ред кое веќе стана вообичаено за господата директори. Ги потсетуваме директорите кои очигледно не го читаат Уставот на РМ кој вели дека секој граѓанин има право на протест, дека ние како граѓани, ученици и засегната страна во образовниот систем имаме право, но имаме и обврска да се бориме против експериментите на министерот. Ги прашуваме директорите, дали Вам Ви се допаѓа кога на Вашите колеги им ја намалувате платата заради бесцелно тестирање базирано на 30 кликови?“, велат од СП.