И Бејли е разорачан поради пропаднатите преговори

by Фокус

Џес Бејли, американски амбасадор во Македонија, изрази загриженост поради неможноста на политичките лидери да постигнат договор од однос на спроведувањето на договорот од Пржино, откако во синоќа пропаднаа маратонските преговори на кои присуствуваше и еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан.

„Длабоко сум загрижен поради неможноста на лидерите да постигнат договор. Договорот од Пржино е начин за да се обезбеди одговорност и да се подобрат условите за слободни и фер избори и да и се стави крај на политичката криза. Потребна е политичка волја за справување со преостанатите прашања – напиша Бејли на својот твитер профил.

Тој ги повика политичките лидери да покажат лидерство.

„Не може Европа да носи одлуки за македонските лидери“, напиша амбасадорот на САД.

Поврзани новости