Средношколски пленум: Директори, можете да ги заклучите вратите, но не можете да ги заклучите наште критички мисли

by Фокус

Драги директори, можете да ги заклучите вратите, но не можете да ни ги заклучите устите, не можете да ги заклучите нашите критички мисли кон лошото образование. Изненадени сме што и покрај ставот на Народниот Правобранител кој беше јасен дека не треба да постојат опструкции за нашето протестирање, вие повторно го направивте своето. Немаме повеќе коментар за очајните обиди да не замолчите, порачува Средношколскиот пленум, откако образложија дека во скопската гимназија ,,Никола Карев‘‘ пишувале казни за оние ученици кои пропуштија некој час за да присуствуваат на маршот во средата.

Од Пленумот велат на класовите кои имале повеќе од 60% од учениците отсутни тој ден, им се изречени писмени опомени од директор и неоправдани.

– Потсетуваме, дека ние како ученици имаме уставно загарантирано право на мирен протест и слободно здружување. Ако господата директори не се упатени доволно, ова значи дека доколку присуствуваме на протест по некоја логика би требало да поминеме неказнети. Гневни сме што возрасните не го почитуваат Уставот и законите, ги осудуваме овие чинови на казнување и заплашување и сметаме дека одредени луѓе и институции веќе го допреа дното – појаснува Пленумот.

Поврзани новости